24фудбал

Ниту дресовите на Меси, ниту новите спонзорски договори: Да не е шеикот од Катар, ПСЖ ќе пропадне

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ за сезоната 2021/2022 ќе искаже загуба од дури 369 милиони евра, што е рекордна сума за клубот од Паркот на Принцовите.

Франција

Кога Лео Меси пристигна во Париз летото во 2021, настана вистинско лудило, фановите побрзаа да купат дрес со презимето на Аргентинецот па „светците“ за прв пат продале повеќе од милион дресови.

Десетина нови спонзори пристигнаа во ПСЖ, а клубот исто така се пофали дека наместо суми помеѓу 3 и 5 милиони евра, добиваат суми помеѓу 5 и 8 милиони евра.

Поради Лео Меси се бележеа и поголеми приходи од продажба на билети, немаше слободни места на „Паркот на Принцовите“.

Арно ама, сето ова на направи голема разлика во крајната пресметка, медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ сезоната 2021/2022 ќе ја заврши со загуба од дури 369 милиони евра, што е рекордна сума за клубот од Паркот на Принцовите, и да не е шеикот од Катар, „светците“ ќе пропаднат.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.