24фудбал

Шкендија го продаде својот најголем талент

Шкендија соопшти дека го продаде Дашмир Елези на Торпедо Кутаиси од Грузија, финансиските детали не се објавени.

Македонија

Албанските медиуми пред шест дена објавија дека Шкендија го продава Елези за 100.000 евра плус 15 отсто од парите за следниот трансфер на талентираниот фудбалер, а најупорен во преговорите бил токму Торпедо Кутаиси, иако постоеше интерес од неколку турски екипи.

Талентираниот фудбалер дебитираше на само 16 години, а во досегашниот дел од кариерата во Шкендија настапи на 68 меча во сите конкуренции и постигна 10 гола.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.