24фудбал

Адеми: Ќе продолжам да играм за Македонија, тешко ми е сега да ја оставам!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми вели дека не планира да каже збогум на националната селекција, ќе продолжи да го носи дресот на Македонија.

Македонија

Адеми последниот меч за Македонија го одигра минатата година против Португалија во баражот за пласман на Мундијалот. Во интервју за „Германијак“ тој вели дека не планира да замине во репрезентативна пензија.

„Решив да продолжам да играм за Македонија. Сакам, можам и ќе играм. Зборував и со селекторот, кој ме сака во националниот тим. Тешко ми е сега да се збогувам, зашто таму има одлични фудбалери кои играме за својата земја и се пласиравме на претходното Европско првенство (ЕП), а сакаме да го направиме тоа повторно“, вели Адеми.

Македонија има речиси невозможна мисија за пласман на Европското првенство бидејќи во нашата група се Италија, Англија, Украина и Малта.

„Свесни сме дека ќе биде тешко, но ја победивме Германија од која се плашат сите. Знам дека Италијанците ќе бидат мотивирани против нас поради Мундијалот, но и ние ќе бидеме мотивирани, веруваме во голема победа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.