24фудбал

Мбапе жестоко застана во одбрана на Зидан кој доби навреда од првиот човек на францускиот фудбал!

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Гар го навреди Зинедин Зидан, а Килијан Мбапе веднаш реагираше на социјалните мрежи.

Франција

Претседателот на ФФФ покажа непочитување кон француската легенда откако дрско одговори на едно новинарско прашање.

„Зидан во Бразил? Не ми е гајле кај ќе оди! Нека оди каде сака, не е тоа моја работа. Јас никогаш со него не сум се сретнал, ниту сум размислувам да се разделам од Дидие“, одговори Ле Гар.

Тоа не им се допадна на многу Французи, меѓу кои и на Килијан Мбапе кој на социјалните мрежи му даде поддршка на Зидан.

„Зидан е Франција, така не се почитува легенда...“, напиша Мбапе.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.