24фудбал

Зидан веќе одбил понуди од три репрезентации

Дидие Дешам го продолжи договорот со Франција, па стана јасно дека Зинедин Зидан ќе мора да си побара работа, селектор на својата земја може да биде во некој друг период во иднина.

Франција

Според францускиот весник „Л'Екип“, Зидан веќе одбил понуди од три репрезентации, Бразил, Португалија и САД.

Нејасно е дали Зидан сака тренерската кариера да ја продолжи како селектор на некоја репрезентација или ќе го одбере клупскиот фудбал.

Зидан долго време е без тренерски ангажман, од 2021 година кога си замина од Реал Мадрид.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.