24фудбал

Првиот човек на Коринтијанс: Се обидовме да го ангажираме Роналдо, ама Саудијците му понудија 20 пати повеќе

Претседателот на Коринтијанс, Дуилио Монтеиро Алвеш откри дека доставиле понуда до Кристијано Роналдо но не можеле да се носат со предлогот од Саудиска Арабија.

Јужна Америка

На презентацијата во Ал Наср, Кристијано Роналдо сподели дека имал неколку понуди од клубови од Бразил, САД, Австралија па и Португалија.

Од таборот на Коринтијанс сега потврдија дека направиле обид да го ангажираат напаѓачот, но не можеле да се носат со предлогот од Саудиска Арабија.

„Му понудивме плата иста како таа во Манчестер јунајтед. Се работеше за договор на две години, со помош на спонзорите, сето ова ќе беше изводливо - вели првиот човек на Коринтијанс, Дуилио Монтеиро Алвеш.

„Но понудата која тој ја доби од Саудиска Арабија беше 20 пати повисока“.

Се шпекулира дека Кристијано Роналдо во Ал Наср ќе заработува околу 200 милиони евра годишно и ќе биде далеку најплатениот фудбалер/спортист во светот.