24фудбал

Им го сруши мундијалскиот сон, па сега може да им стане селектор: Бразил го сака Златко Далиќ!

Медиумите од Хрватска пренесуваат дека Фудбалската федерација на Бразил остварила контакт со Златко Далиќ и сака да го ангажира за нов селектор на „кариоките“.

Јужна Америка

Бразил разочара на мундијалот во Катар, новиот неуспех донесе крај на авантурата на Тите на кормилото, па „кариоките“ започнаа потрага на нов предводник.

Се верува дека Бразил сака звучно име за селектор,на листата со желби се најдоа имиња како Карло Анчелоти и Зинедин Зидан, во некои шпекулации се споменуваа Томас Тухел и Луис Енрике.

Последните информации велат дека на списокот се наоѓа и Златко Далиќ. Медиумите од Хрватска пренесуваат дека луѓе од Фудбалската федерација на Бразил стапиле во контакт со стратегот и се распрашуваат за можноста тој да го превзеде кормилото на „кариоките“.

Интересно, токму Златко Далиќ и Хрватска ставија крај на мундијалскиот сон на Бразилците во Катар, ги елиминираа во четвртфиналето и покрај тоа што избраниците на Тите важеа за големи фаворити.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.