24фудбал

Официјално: Блинд потпиша за Баерн Минхен

Баерн Минхен го потврди трансферот на Далеј Блинд кој медиумите го најавија уште утринава, Холанѓанецот доаѓа како замена за Лукас Ернандез кој е повреден.

Германија

Баварците го претставија Блинд како ново засилување, тој стави потпис на договор до крајот на сезоната.

„Не можам да дочекам да играм тука. Пред нас е најважниот дел од сезоната кога се одлучува за титули и тим како Баерн Минхен може да го освои секој трофеј. Гладта за трофеи тука во клубот беше клучното за мојата одлука“, изјави Блинд.

Блинд доаѓа како слободен играч, тој се раздели со Ајакс во декември.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.