24фудбал

Камер Ќака по една година се врати во Шкендија

27-годишниот фудбалер од средниот ред, Камер Ќака се врати во Шкендија, потпиша двегодишен договор со тетовскиот клуб.

Македонија

Пред точно една година, Ќака ја напушти Шкендија и се пресели во унгарскиот тим Мезокуважд Жури. Сега тој се враќа во старото јато потпишувајќи двегодишна соработка.

„Задоволство ми е да се вратам во клубот каде што играв претходно, искрено, Шкендија, Тетово и Балистите оставија многу позитивни импресии врз мене, па оваа одлука ја направив со големо задоволство. Во 2021 година станавме шампиони, сега дојдов да го повториме тој успех. Го знам клубот, амбициите и се што е околу Шкендија, дојдов со голем ентузијазам да го дадам најдоброто од мене“, изјави Ќака.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.