24фудбал

Академија Пандев промовираше две нови засилувања

Академија Пандев ги претстави првите засилувања во летниот преоден рок, се работи за Агрон Руфати и Марио Врдољак.

Македонија

Новиот спортски директор на Академија Пандев, Аце Стојков ги претстави новите засилувања, Агрон Руфати и Марио Врдољак.

Агрон Руфати има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија и игра на позицијата централен дефанзивец. Доаѓа како слободен играч, а последен клуб за кој настапувал е Академија Клинчени (Романија). Во својата кариера има настапувано и за екипите на Зорја (Украина) и Истра (Хрватска).

Марио Врдољак е искусен 29-годишен играч за врска. Хрватскиот интернационалец доаѓа како слободен играч, а последно има настапувано заедно со Руфати во Академија Клинчени. Во својата интернационална кариера настапувал за повеќе клубови меѓу кои италијанските клубови Гросето, Бисчеглие, Пичерно, босански Олимпик Сараево...

Академија Пандев е во транзиционен период, мнозинскиот пакет од клубот го презема италијанската Брера. На тимот му се потребни засилувања кои треба да донесат победи во пролетниот дел од сезоната за да се избори опстанок.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.