24фудбал

Лага е дека Фенер ќе му го раскине договорот на Алиоски

Турски новинар од националната телевизија на Турција, ТРТ, тврди дека се лага гласините кои велеа дека Фенербахче ќе му го раскине договорот на Алиоски.

Македонија

Пред извесно време се појавија гласини дека Фенербахче нема намера да ја плати отштетата која ја бара Ал Ахли и ќе ја прекине позајмицата на Алиоски по што тој ќе се врати во клубот од Саудиска Арабија.

Се велеше и дека тренерот Жорге Жесус сака да ангажира друг лев бек, а тоа уште повеќе влијаело на клубот да ја прекине соработката со Алиоски.

Сепак новинарот Сенад Ок ваквите пишувања ги оквалификува како лажни.

„Информациите и шпекулациите дека Фенербахче ќе му го прекине договорот на Алиоски се лажни и неточни. Нема таква работа. Алиоски беше повреден, се врати на теренот и тоа е тоа“, рече Сенад Ок, новинарот на ТРТ.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.