24фудбал

Аце Стојков стана нов спортски директор на Академија Пандев

Академија Пандев прави структурна промена, од денеска Аце Стојков е нивниот нов спортски директор.

Македонија

„Аце Стојков ја презема функцијата спортски директор во Академија Пандев. Поранешниот репрезентативец на Македонија, како и фудбалер со голема интернеционална кариера, од денес влегува во раководните структури на клубот. Струмичанецот беше дел и од тимот на Академија Пандев кој го освои Купот на Македонија за сезона 2018/19“, соопштија од клубот.

Аце Стојков му се заблагодари на Горан Пандев за позицијата која му ја овозможи.

„Навистина сум почестен со шансата што ми е дадена и сакам да се заблагодарам на Горан Пандев за тоа што ме препозна мене како човек кој може да допринесе многу во развојот на една нова модерна фудбалска приказна. Без да должам со детали, кои секако наскоро ќе и бидат презентирани на македонската јавност, само ќе кажам дека партнерството на Академија Пандев со италијанската Брера Холдинг допринесе дополнително да ја прифатам понудата за спортски директор, бидејќи се работи за еден визионерски проект, и план за издигнување на ниво погоре во работењето и организацијата на клубот во иднина. Во периодот кој следува етапно ќе ги презентираме и новите засилувања кои ќе бидат дел од нашиот пролетен тим. Целта е една, да излеземе од опасната зона и што порано да го обезбедиме опстанокот, а потоа мирно да го приведеме првенството при крај. Секако и максимално ќе се посветиме на изградба на структурата која ќе ја крене Академија Пандев на следно ниво“, изјави новиот спортски директор Аце Стојков.

Како што претходно најави Горан Пандев, доминантен сопственик на клубот наскоро ќе стане италијанската Брера Холдинг.

Поради лошите резултат во првиот дел од сезоната, целта на пролет ќе биде опстанок во Првата македонска лига.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.