24фудбал

Барди: Истанбул 24 часа живее за фудбал, кога ми го кажуваа тоа не им верував, но...

Македонскиот репрезентативец Енис Барди летоска од Леванте за три милиони евра се пресели во турскиот првак Трабзонспор, но не може да врзе мечеви во континуитет и кај Абдула Авчи добива шанса како резервист, па неодамна се појавија информации дека после само шест месеци на црноморскиот бред можно е да си замине.

Македонија

Барди дојде како засилување за средниот ред и во момент кога Трабзон се бореше за пласман во ЛШ, но не успеа да дојде до европската елита, а турските медиуми најавија дека ако дојде добра понуда за македонскиот репрезентативец нема да биде изненадување ако експресно ја прифатат. И Барди сега посочува дека огромна е конкуренцијата во средниот ред, но се труди секогаш кога ќе добие шанса максимално да ја искористи.

„Конкуренцијата за средниот ред е многу голема и јас се обидувам да напредувам, се обидувам да го искористам секој момент кога сум на теренот. Се чувствувам добро, а најдобриот момент е секогаш кога ќе добиете шанса да сте на теренот. Се трудам да сум подобар, но имаме многу голем квалитет во средина. Секој го дава најдоброто од себе на секој тренинг за да добие шанса. Во фудбалот никогаш нема крај, секој нов ден е нова шанса за докажување“, вели Барди.

Тој посочи дека брзо се прилагодил на Трабзон, но и дека сака да игра повеќе.

„ Добро ми е тука, кога доаѓав ми рекоа дека градот живее за фудбал – 24 часа дневно. Не ми се веруваше, но се уверив навистина дека е така. Кога ќе излезете, сите за фудбал зборуваат и имате впечаток дека сите играат фудбал. Може да видите дека навивачите многу знаат за фудбал, а градот живее за резултати на тимот. Брзо се прилагодив на Трабзон. Јас сакам да играм на позиција во среден ред и посакувам да сум на терен, но секогаш се трудам да дадам сѐ од себе и таму каде што ќе ме постави тренерот“, додава Барди.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.