24фудбал

Прекрасна вест на почетокот од годината, Але кој се бореше со рак е здрав и тренира со соиграчите од Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Себастијан Але повторно е во погонот на Борусија Дортмунд, фудбалерот успеа да го победи ракот и да му се врати на фудбалот.

Германија

Тој пристигна од Ајакс како големо засилување, но неколку месеци подоцна му беше дијагностициран рак на тестисите во понапредна фаза. По операциите и третманите кои ги имаше, тој успеа да ја победи страшната болест и да му се врати на фудбалот. 

Сега тренира со останатите играчи на Борусија Дортмунд, ќе биде дел и од еднонеделниот камп во Марбеља, Шпанија, по што врз него ќе бидат направени нови прегледи кои ќе дадат конкретна прогноза кога ќе може да се врати на натпреварите.

„Здраво момци, конечно сум назад. Не беше толку лесно, но со вашата поддршка беше подобро и полесно да се направи тоа, сега сакам да ве видам на стадионот со некои победи. Поздрав“, им порача Але на навивачите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.