24фудбал

Инфантино бара секоја земја да именувам стадион по Пеле: 99% од луѓето можат само да сонуваат за работите кои тој ги правеше

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино притигна во Бразил да му оддаде почит на Пеле и излезе со интересен предлог, во секоја земја треба барем по еден стадион да го носи името на трикратниот освојувач на светската круна.

Јужна Америка

На стадинот на Сантош, попладнево пристигна ковчегот со телото на легендарниот фудбалер Пеле и почна бдението кое ќе трае 24 часа. Еден од првите кои му оддадоа почит на „Кралот“, беше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Тој излезе со интересен предлог и покрена иницијатива за во секоја земја барем еден стадион да го носи името на трикратниот освојувач на светската круна.

„Пеле е вечен, Пеле е светска икона. Пеле правеше работи за кои 99% од луѓето можат само да сонуваат, а преостанатиот 1% го копираа Пеле“ – рече Џани Инфантино.

„Ќе побараме секоја земја во светот да именува барем еден стадион по Пеле, за децата, за иднините генерации да знаат колку тој бил важен за фудбалот и каква радост донесе. Мораме неговото име да се памети низ целиот свет, на местото каде се постигнуваат голови... на фудбалските терени“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.