24фудбал

Ковчегот со телото на Пеле пристигна на стадионот на Сантош, надвор долги редици (ФОТО)

Посмртните останки на Пеле пристигна на „Вила Белмиро“, пред стадионот на Сантош има долги редици на навивачи кои сакаат да се простат од „Кралот“.

Јужна Америка

Ковчегот со телото на легендарниот фудбалер Пеле, од болницата „Алберт Ајнштајн“ пристигна на стадинот на Сантош, каде што Пеле го мина најголемиот дел од кариерата.

Бдението на „Вила Белмиро“ ќе треа 24 часа, ковчегот со телото на Пеле ќе биде поставен на центарот на теренот за да можат сите што сакаат да му оддадат почит и да му кажат збогум на „Кралот“.

Пред стадинот на Сантош има долги редици, се говори дека некои навивачи чекале и по 14 часа.

Бразилскиот ас почина на 29. декември минатата година, на 82-годишна возраст во болницата „Алберт Ајнштајн“, по долга борба со ракот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.