24фудбал

Го истетовира името на Меси на чело, сега жали поради тоа (ВИДЕО)

Мислел дека прави нешто што ќе му донесе слава, но откако ја направил глупоста сфатил дека погрешил.

Јужна Америка

Во ек на еуфоријата еден аргентински фан решил да го истетовира презимето на Меси на своето чело, се надевал дека тоа ќе му донесе слава и почит.

Но наместо тоа тој добил критики и исмејување, па сега жали што се истетовирал.

„Сега жалам поради тетоважата, би сакал ова никогаш да не го направев. Мислев дека ова ќе ми донесе одредена слава и позитивни работи, но наместо тоа добив критики и негативни работи како за мене, така и за моето семејство“, изјави Мајк Џајмс, човекот кој е сопственик на една од најглупавите тетоважи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.