24фудбал

Нејмар: Пред Пеле, фудбалот беше само спорт... тој го претвори фудбалот во уметност, во забава

Нејмар се огласи на социјалните мрежи по веста за смртта на Пеле, напаѓачот на ПСЖ со емотивна порака се прости од „Кралот“ на фудбалот.

Јужна Америка

Светот на фудбалот тагува, легендарниот Пеле ја загуби битката со ракот и почина во болница во Сао Пауло.

По информацијата дека „Кралот“ на фудбалот починал, од сите страни на светот почнаа да пристигнуваат пораки со сочувство.

Еден од првите кои се огласи беше Нејмар, ѕвездата на ПСЖ имаше емотивна објава на социјалните мрежи.

„Пред Пеле, „10“ беше само број. Ја прочитав оваа реченица некаде. Реченицата е убава, но не е целосна. Јас би рекол дека пред Пеле, фудбалот беше само спорт. Пеле промени се. Тој го претвори фудбалот во уметност, во забава. Им даде глас на сиромашните, на црномурестите и особено, ги стави Бразил на мапата. Фудбалот и Бразил го подигнаа својот статус благодарејќи на Кралот! Тој не напушти, но неговата магија ќе остане. Пеле е ВЕЧЕН“ – гласеше пораката на Нејмар на социјалните мрежи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.