24фудбал

Ниту Анри, ниту Мбапе... никој во Франција во последните 75 години како новиот бисер на Монако (ВИДЕО)

Монако синоќа со три бода си замина од гостувањето кај Оксер а херој на натпреварот е 17 годишниот Елиес Бен Сегир, кој постигна два гола на своето деби во Лига 1 и испиша историја.

Франција

Килијан Мбапе и Тјери Анри блеснаа во Монако, но ниту двајцата не можат да се пофалт со она што го направи Салим Бен Сегир на синоќешниот натпревар против Оксер.

Со 17 години и 10 месеци, Елиес Бен Сегир стана најмладиот фудбалер во последните 75 години кој успеал да постигне два гола на својот прв натпревар во Лига 1.

Особено атрактивен беше вториот погодок за победа од 2-3. Новиот бисер на Монако си направи простор, мајсторки пласираше во аголот од работ на шеснаесетникот и не му даде шанса на голманот да интервенира.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.