24фудбал

Мбапе му одговори на провокаторот Мартинез и испрати порака до Меси

Килијан Мбапе вели дека не сака да троши енергија на провокаторот Емилијано Мартинез и додава дека со нетрпение чека Лео Меси да се врати во Париз за да постигнуваат повеќе погодоци и да бележат повеќе победи.

Франција

Килијан Мбапе синоќа му донесе победа на ПСЖ во дуелот со Стразбур на ре-стартот на Лига 1, напаѓачот остана смирен и погоди од белата точка во 96. минута за 2-1.

По крајот на натпреварот, тој се сретна со новинарите и неизбежни беа прашањата за провокациите кои ги правеше Емилијано Мартинез при прославата на Аргентинците по триумфот на мундијалот во Катар.

„Тоа не е мој проблем, не трошам енергија на такви апсурдни работи“ – кратко порача Килијан Мбапе, и потоа упати порака до Лео Меси.

„Разговаравме со Меси по крајот на финалето, му честитав. Тоа беше постигнување на неговиот живот... ќе беше и за мене, но јас загубив и морате да покажете зрелост и да му честитате на вашиот ривал“.

„Сега го чекаме да се врати за да постигнуваме повеќе погодоци и да бележиме повеќе победи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.