24фудбал

Нејмар набрзина заработи два жолти картони, Бразилецот бесен предвреме си заминал дома (ВИДЕО)

Нејмар беше исклучен против Стразбур откако набрзина заработи два жолти картони, како што пренесува Канал+, Бразилецот бил бесен, не го дочекал крајот на натпреварот и предвреме си заминал дома.

Франција

Проблеми за Нејмар на ре-стартот на сезоната во Франција, Бразилецот беше исклучен против Стразбур.

Во период од 90 секунди, напаѓачот два пати влезе во бележникот на судијата, вториот пат поради симулирање и обид да изнуди пенал.

Нејмар тешко ја прифати одлуката, влезе во конфротација со судијата, а како што пренесува Канал+, Бразилецот бил бесен и во соблекувалната, па не го дочекал крајот на натпреварот, предвреме го напуштил „Паркот на принцовите“ и си заминал дома.

ПСЖ со гол од пенал во 96. минута стигна до победа, но Нејмар не бил сведок на овој момент.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.