24фудбал

Маркињос даде гол па автогол, Мбапе од пенал во 96. минута спасуваше (ВИДЕО)

ПСЖ со 2-1 славеше против Стразбур, Килијан Мбапе со гол од пенал во 96. минута донесе три бода.

Франција

„Светците“ со победа го започнаа ре-стартот на Лига 1, избраниците на Галтие потешко од очекувањата го совладаа Стразбур со 2-1.

Маркињос го отвори резултатот во 14. минута, одлично се снајде по еден прекин и со глава биеше за 1-0. По пет минути игра во второто полувреме дефанзивецот успеа да ја затресе и сопствената мрежа откако немаше среќа при една акција на гостите и изедначи на 1-1.

За проблемите на домаќините да бидат поголеми, Нејмар набрзина заработи два жолти картони и беше исклучен.

Сепак, трите бода останаа во Париз откако во финишот од мечот беше досуден пенал а Мбапе во 96. минута погоди од белата точка за 2-1.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.