Категорија: Франција 28.12.2022 09:22
Проблемот е однесувањето на голманот Емилијано Мартинез кој на шампионската парада носеше кукла со ликот на Килијан Мбапе и го омаловажуваше напаѓачот. Меси беше до него, но не реагираше. Па на прес-конференција, Галтие беше прашан токму за тоа.
„Не сакам да зборувам за аргентинската прослава, тоа е нивна работа. Ниту пак сакам да зборувам за односот на нивниот голман. За мене најважно беше кога видов во финалето како Килијан и Лео се држеа за рака, како и односот на Килијан по мечот и пред доделувањето на трофејот. Тој му честиташе на Меси и на селекторот на Аргентина“, вели Галтие.
„Не беше Лео тој што зборуваше лошо и правеше лоши гестови, тоа мора да го тргнеме на страна, не треба него да го мешаме со однесувањето на аргентинскиот голман. Ниту пак јас треба да го коментирам тоа“.
„Килијан имаше одличен став по поразот, беше многу разочаран, но знаеше да му честита на Лео со голема класа и тоа за ПСЖ е многу добро“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК