24фудбал

По Гвардиола и Анчелоти, Бразил мерка ново звучно име и како селектор го сака Зидан

Како што пренесува Л’Екип, Зинедин Зидан е на списокот со желби на Бразил, Французинот е еден од кандидатите за нов селектор на „кариоките“.

Јужна Америка

Бразил сака звучно име за нов селектор, Пеп Гвардиола беше една од желбите во минатото, но платата на Шпанецот ја направи зделката невозможна.

Карло Анчелоти исто така се посочуваше како кандидат, но искусниот стратег се чини дека нема намера да го напушти Реал Мадрид пред истекот на договорто во 2024 година.

Според пишувањата на Л’Екип, на списокот со желби се наоѓа и Зинедин Зидан, кој во моментов е без работа.

Се верува дека популарниот Зизу чека шанса да седне на столчето на Франција, но и покрај тоа што „триколорите“ загубија од Аргентина во финалето на мундијалот во Катар, Дидје Дешам ќе ја задржи работата.

Во следниот период ќе има разговори, па доколку Дидје Дешам остане, Зинедин Зидан ќе има една дилема помалку и ќе може помирно да го разгледа проектот на Бразил.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.