24фудбал

Јошко Гвардиол има откупна клаузула од која боли глава

Неколку извори од Германија пренесуваат дека во договорот на Јошко Гвардиол има откупна клаузула која се активира во 2024 и изнесува 110 милиони евра.

Германија

Изминатиов период, Јошко Гвардиол често е дел од трансфер шпекулациите, Хрватот со одличните партии на мундијалот во Катар само дополнително го привлече вниманието на гигантите ширум Европа.

На сите им е јасно дека РБ Лајпциг нема евтино да го продаде дефанзивецот, а очигледно „биковите“ имаат и дополнителен адут во ракавот.

Јошко Гвардиол неодамна стави потпис на нов договор до 2027 и во него е вметната откупна клаузула, која се активира во 2024 и ќе изнесува околу 110 милиони евра.

Со вака поставени работи, за очекување е Јошко Гвардиол да стане најскапиот дефанзивец во светот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.