24фудбал

Роналдо знае кој ќе биде нов селектор на Бразил

Бразил на Мундијалот во Катар пристигна како најголем фаворит за трофејот, но Хрватска им ги спакува куферите уште во четвртфиналето.

Јужна Америка

Елиминацијата од Светското првенство беше големо разочарување за Бразилците и неуспех по кој Тите не можеше да продолжи да ја извршува селекторската работа.

Бразил е во потрага по нов селектор, а нивната легенда, Роналдо вели дека знае кој ќе биде. Станува збор за актуелниот тренер на Флуминенсе, Фернандо Диниз.

„Ако се случи тоа што се најавува сите ќе бидат изненадени. Информациите кои ги имам ми говорат дека нов селектор на Бразил е Фернандо Диниз. Во игра беа и други имиња, но не сакам сега да ги споменувам. Очекуваме официјална потврда од федерација, иако можеби е рано за такво нешто. Фернандо Диниз ќе биде голема атракција во репрезентацијата. Под негово водство тимовите играат атрактивно и приредуваат шоу“, изјави Роналдо.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.