Вардар соопшти дека натпреварот против Кожуф ќе го игра во петок бидејќи не добиле одобрение за користење на терените во Скопје за време на викенд.
Категорија: Македонија 08.12.2022 18:08
Наместо во сабота или недела, Вардар својот последен меч од есенскиот дел ќе го игра во петок. Оваа информација не им се допадна на „Комитите“ кои најавија дека нема да присуствуваат на мечот.
Брзо по реакцијата на навивачката група, Вардар се огласи со соопштение за да ја објасни ситуацијата.
„ФК Вардар ги известува своите навивачи и приврзаници дека терминот за натпреварот во рамките на 15-тото коло од ВМФЛ против екипата на Кожуф (утре, петок 9 декември од 13 часот на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари во Скопје) се должи на тоа што не наидовме на одобрение за користење на терените во Скопје за време на викендот (Градски стадион, стадион на Македонија ЃП во населбата Ѓорче Петров, стадионот Железарница во населба Автокоманда, комплекс ФФМ и стадионот Борис Трајковски во населба Маџари, Скопје). Од таа причина единствени термини кои ни беа на располагање беа петок и вторник, одлучувајќи се за утрешниот. Уште еднаш ги повикуваме сите навивачи на нашиот клуб утре да ја дадат неопходната поддршка кон уште една победа и чекор поблиску до остварувањето на нашите цели“, соопштија од клубот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.