24фудбал

Роналдо демантира: Не е вистина дека сум потпишал за Ал Наср

По вчерашниот меч против Швајцарија, Кристијано Роналдо ги негираше гласините дека ставил потпис на договор со Ал Наср.

СП 2022

Пред некој ден „Марка“ лансираше бомба велејќи дека Роналдо се договорил со Ал Наср од Саудиска Арабија. Но брзо потоа стигнаа деманти дека не е така.

Сега и самиот Роналдо вели дека нема потпишано со тој клуб.

„Не, не е точно, не е точно“, изјавил Роналдо по мечот, пренесува Фабрицио Романо.

Португалскиот новинар, Педро Сепулведа тврди дека Роналдо ќе ја одбие огромната понуда од Ал Наср, тој не бара пари. Роналдо сака идеален проект и уште да игра на највисоко ниво. Негов приоритет е клуб кој ќе се бори за трофејот од Лигата на шампионите. Играњето во Азија не е опција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.