24фудбал

Стерлинг само по еден услов ќе се врати на мундијалот во Катар

Рахим Стерлинг го напушти кампот на Англија и се врати на „островото“ откако неговиот семеен дом беше мета на вооружени крадци, напаѓачот ќе се врати на мундијалот во Катар само доколку неговото семејство се чувствува безбедно.

СП 2022

Рахим Стерлин го пропушти натпреварот против Сенегал поради лични причини, а ќе биде под голем знак прашалник и за дуелот со Франција во четвртфиналето во сабота.

Напаѓачот го напушти кампот на Англија и се врати на „островото“ откако неговиот семеен дом во Лондон беше мета на вооружени крадци.

Последните извештаи велат дека Рахим Стерлинг им се доверил на пријателите и им кажал дека ќе се врати на мундијалот во Катар само под еден услов.

Тој прво сака да се увери дека неговото семејство е 100% безбедно, за потоа да се качи во авион и повторно да им се придружи на „трите лава“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.