24фудбал

Почна чистката во Германија по неуспехот на СП

Германската легенда, Оливер Бироф си даде оставка од функцијата спортски директор во германската фудбалска репрезентација.

Германија

Германците доживеаа дебакл на Светското првенство во Катар, испаднаа уште во групната фаза. Истата приказна им се случува на втор Мундијал по ред.

Поради големиот неуспех, Оливер Бироф реши да си замине од функцијата спортски директор на националниот тим и прв човек на германската фудбалска академија.

Тој е дел од Германската фудбалска федерација уште од 2004 година.

Засега Ханси Флик останува селектор на Германија, тој ја истакна желбата да продолжи да ја води репрезентацијата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.