24фудбал

Уругвај го одбра новиот селектор, еден од најголемите тренери од Јужна Америка

Уругвај имаше разочарувачко Светско првенство, репрезентација има огромен потенцијал доколку се види кои се играчи ги има во составот, но на Мундијалот во Катар не ја поминаа ниту групата.

Јужна Америка

Јасно е дека со овој неуспех завршува работата на Диего Алонсо како селектор на Уругвај, а јужноамериканските медиуми веќе најавија кој ќе биде неговиот наследник.

Тоа е Марсело Биелса, Аргентинецот кој ужива култен статус не само во Јужна Америка, туку и во целиот свет.

Официјално за селектор би требало да биде назначен следната година, а негова главна цел ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година.

Уругвај ќе биде трета селекција од Јужна Америка која ќе ја води Биелса, претходно беше селектор на Аргентина и Чиле.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.