24фудбал

Пцовки, провокации, тензија, тепачки... на мечот меѓу Србија и Швајцарија (ВИДЕО)

Како што и се очекуваше натпреварот меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со неспортски работи, причина не е само важноста на дуелот, туку и историјата меѓу овие две земји.

СП 2022

На минатото Светско првенство Србија и Швајцарија беа во иста група, тогаш Џака и Шаќири „летаа орли“ и го навлекоа гневот на Србија.

Инцидентите продолжија денеска, на тренот имаше се и сешто, а во спортскиот дел Србија не успеа да се одмазди, Швајцарија повторно оди понатаму.

Кога Влаховиќ го даде голот, селекторот на Србија ги опцу Албанците во швајцарската репрезентација.

Во вториот дел Џака стапи на сцена. Во 65. минута се фати за меѓуножјето и го навлече гневот на цела српска клупа.


Во судиското продолжение Џака го испровоцира Миленковиќ кој силно го оттурна, се создаде голема мешаница, Србинот помина само со жолт.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.