24фудбал

Боксерот Канело му се извини на Меси

Пред неколку дена Канело Алварез му се закани на Лео Меси откако Аргентинецот шутна мексикански дрес во соблекувалната по победата над Мексико, боксерот сега се извини.

Јужна Америка

По победата над Мексико, Меси шутна дрес на мексиканската репрезентација кој беше на подот. Не беше намерно, Лео сакаше само да ја соблече копачката и го удри дресот.

Но, Канело тогаш реагираше и преку социјалните мрежи му порача на Меси да го моли Бог да не се сретнат.

Брзо потоа на социјалните мрежи се јавија другарите на Меси, Фабрегас и Агуеро кои му објаснија на Канело дека тоа што се случи во соблекувалната е многу нормално. Сите ги фрлаат дресовите на земја, и своите и противничките кои ги земале, па се собираат и одат на перење.

Канело откако ја олади главата, денеска му се извини на Меси за заканите.

„Овие денови бев понесен од пасијата и љубовта која ја чувствувам за мојата земја и тоа предизвика да дадам коментари кои воопшто не беа на место, поради тоа се извинувам на Меси и на Аргентинците. Секој ден учиме по нешто ново и овојпат редот беше на мене“, напиша Канело.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.