24фудбал

Дали пеналот за Португалија беше подарок, што велат правилата на ФИФА? (ФОТО)

Португалија доби пенал по очигледна рака на Хозе Марија Хименез, Бруно Фернандеш ја реализираше најстрогата казна и ги постави конечните 2-0, со овој триумф Португалците обезбедија место во осминафиналето.

СП 2022

Португалија се чини дека и без пеналот ќе го добиеше мечот, но судиската одлука е ставена под лупа. Според правилата на ФИФА, пеналот не требало да биде досуден.

Уредникот на „ЕСПН“, Дејл Џонсон објави дека кога раката е во положба долу, како во случајот на Хименез, правилата велат дека тоа не е пенал.

Тој објави и фотографија преку која објаснува кога се смета за пенал, а кога не е пенал според правилата.

На фотографијата тој вели дека кога раката го прави телото поголемо, тогаш е пенал, а во ситуацијата на пад кога раката му дава поддршка на телото, тогаш не е пенал.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.