24фудбал

Мурињо и Абрахам трпат критики дури и за време на Светското првенство

„Газета дело Спорт“ ги критикуваше Тами Абрахам и Жозе Мурињо за пријателски натпревар кој се играше во Јапонија меѓу Рома и Нагоја Грампус.

Италија

Додека се игра Светското првенство во Катар, играчите на Рома кои не се дел од Мундијалот се на подготовки во Јапонија.

Рома синоќа одигра пријателски меч против Нагоја Грампус кој заврши без голови, 0-0. Единствената голема шанса ја имаше Роџер Ибањез кој ја погоди пречката.

Тами Абрахам го одигра цел меч, но немаше ниту шут кон голот во првото полувреме.

„Газета дело Спорт“ го анализираше настапот на Абрахам и напиша дека тој бил очајно лош, напаѓачот не изгледал мотивирано, а можеби тоа му е од лошото расположение кое се јави кај него откако не беше повикан за Светското првенство во англиската репрезентација.

Италијанскиот весник го критикуваше и стилог на игра на Жозе Мурињо, го нарече премногу предвидлив.

Доколку се биде во ред во вториот дел од сезоната Мурињо повторно ќе го има Дибала, а ќе се врати и Вајналдум кој ги пропушти сите мечеви од првиот дел поради повреда.

Но, розевиот италијански весник вели дека Вајналдум и Дибала нема да ги решат сите проблеми за Рома.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.