Престижниот француски спортски весник, „Л'Екип“ тврди дека заминувањето на Карим Бензема има позитивен ефект врз репрезентацијата на Франција, фудбалерите се посреќни и пообединети без него.
Категорија: СП 2022 26.11.2022 14:15
За време на подготовките за Мундијалот во Катар, Бензема ја обнови повредата и отпадна од француската репрезентација. Навидум тоа е удар за Франција, но „Л'Екип“ тврди дека тоа е позитивно.
Наводно, заминувањето на Бензема ја подобрило атмосферата во репрезентацијата. Тој си заминал без да се поздрави со никој, напаѓачот на Реал Мадрид не е омилен меѓу останатите фудбалери во националниот тим.
Ниту Дешам не бил разочаран од повредата на Бензема, Мбапе и Жиру функционираат одлично, па ништо не е загубено од квалитативен аспект, а соблекувалната е послободна и помотивирана.
Фудбалерите на Франција сега биле посплотени, во тимот владее единство какво што сака Дешам, а добрата атмосфера се прелеа и во играта на првиот меч од Светското првенство кога лесно со 4-1 ја совладаа Австралија.
Вториот предизвик за Франција е денеска против Данска со почеток од 17 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.