24фудбал

Еден лош меч и веднаш критики за Саутгејт, сите имаат исто прашање за селекторот на Англија (ФОТО)

Англија беше голем фаворит против САД, но на крајот на денот можат да бидат среќни што не го загубија мечот, англиската јавност е немилосрдна, па удрија по селекторот, сите со едно логично прашање, зошто во игра не влезе Фил Фоден.

СП 2022

Англија спектакуларно го отвори Светското првенство со шест голови против Иран, но против САД не видовме ни сенка од таа игра. Англичаните делуваа немоќно, не успеваа да создадат ниту шанса, Американците беа поблиску до победа

Речиси без исклучок сите критичари, но и фанови на Англија се зачудени зошто Фил Фоден остана на клупата за резерви на меч кој се одвиваше така како што се одвиваше.

Фоден е најкреативниот фудбалер во англиската репрезентација и сите сметаат дека во ситуација кога Англија се мачи да создаде шанси, неминовно беше тој да влезе во игра, но Саутгејт го остави на клупата.

Англија има четири бода по првите две кола, во последното игра со Велс и само чудо ако се случи може да не се пласираат во осминафиналето, а тоа е победа на Велшаните од четири или повеќе гола разлика, нешто што изгледа неверојатно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.