24фудбал

Денеска на СП: Аргентина го потроши правото на кикс, против Мексико мора да победи

Денеска на Светското првенство во Катар во центарот на вниманието ќе биде мечот на Аргентина со Мексико, интересно ќе биде да се види како ќе реагираат Меси и соиграчите по поразот од Саудиска Арабија.

СП 2022

Натпреварот меѓу Аргентина и Мексико се игра последен, од 20 часот. Аргентинците по поразот во воведното коло, вечерва немаат право на кикс, со пораз ќе бидат елиминирани, со реми ќе ги задржат шансите, но ќе биде комплицирано. Потребна им е победа за враќање во колосек.

Според имињата во составот, Мексико е посериозен противник од Саудиска Арабија, а победата на Саудијците ќе им даде дополнителен мотив и тие да се обидат да направат изненадување. 

За Меси ова е последно Светско првенство, вечерва мора да го даде максимумо за да не дозволи неговиот последен Мундијал да му заврши уште во групната фаза.

Другиот меч од оваа група се игра од 14 часот кога се среќаваат Полска и Саудиска Арабија. Полјаците предводени од Левандовски во нападот се јасен фаворит во овој меч, но Саудијците предизвикаа почит со играта против Аргентина, па се очекува уште еден неизвесен меч.

Од 17 часот Франција игра со Данска и со победа има шанси да го завери пласманот во осминафиналето на коло до крајот на групната фаза. Бранителот на трофејот во првото коло се покажа во одлично издание кога ја победи Австралија со 4-1, за разлика од нив Данците потфрлија, одиграа реми без голови против Тунис но беа во подредена улога на мечот.

Овие две селекции се сретнаа во Лигата нанации во септември, тој дуел го доби Данска со 2-0.

Денот почнува со мечот меѓу Тунис и Австралија. Тунижаните може да жалат што не ја победија Данска во првото коло, но денеска против Австралија имаат шанса да дојдат до триумф. Доколку одиграат како против Данците, веројатно ќе дојдат и до таа посакувана победа која ќе ги однесе блиску до осминафиналето.

Распоред за денот на СП:

11:00 Тунис - Австралија

14:00 Полска - Саудиска Арабија

17:00 Франција - Данска

20:00 Аргентина - Мексико


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.