24фудбал

Жоао Феликс е на излезна врата од Атлетико Мадрид, сака уште во јануари да има нов клуб

Жоао Феликс побарал да си замине од Атлетико Мадрид, тој е во потрага по нов клуб, а на интересот за него може да влијае и настапот на Светското првенство во Катар.

Шпанија

Според „Марка“, Жоао Феликс одлучил да го напушти Атлетико Мадрид, но за тоа да се случи треба да пристигне понуда за него која би била прифатлива за шпанскиот клуб.

Тој му рекол на неговиот агент, Жорж Мендеш да му бара нов клуб.

Жоао Феликс оваа сезона го наруши односот со тренерот Диего Симеоне, па имаше исклучително мала минутажа на теренот, понекогаш беше и на трибините.

Како можни следни дестинации се споменуваат Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Челси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.