24фудбал

Англија и САД одиграа без голови, Американците беа поблиску до победа

Англија влезе како фаворит во дуелот со САД особено по импресивната партија против Иран, но на крајот можат да бидат задоволни што не загубија против Американците.

СП 2022

Англија и САД е петтиот натпревар на ова Светско првенство кој заврши без голови. Се очекуваше доминација на Англичаните, но Американците не само што беа рамноправен противник, туку беа подобри, на крајот тагуваа што не победија.

Фудбалерите на САД воопшто немаа страв од противникот, одиграа максимално мотивирано и концентрирано и пропуштија неколку сериозни шанси.

Во првото полувреме Пулишиќ ја погоди и пречката од голот на Пикфорд. Англија речиси и да не создаде сериозна шанса, најблиску до гол беа во 93. минута кога Кејн со глава биеше крај стативата.

По две одиграни кола во групата Б, Англија е прва со четири бода, Иран има три, САД имаат два, а Велс еден бод. Сите селекции имаат шанси за пласман во осминафиналето.

Во последното коло САД игра против Иран, Англија против Велс.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.