24фудбал

Иран со голови во 98. и 101. минута го победи Велс (ВИДЕО)

Иран со 2-0 го победи Велс кој во финишот од мечот остана со фудбалер помалку и не го издржа притисокот до крајот на мечот.

СП 2022

Иран во самиот финиш дојде до победата, но заслужи да ги освои трите бода, во текот на целиот меч беа подобра селекција од Велс и создадоа многу повеќе.

Иран имаше поништен гол, ја погодуваше стативата, креираше шанси и беше чудо како порано не дојде до предност.

Во 86. минута голманот Хенеси поради опасен старт надвор од својот шесанесетник доби директен црвен картон, Велс остана со фудбалер помалку.

Течеше 98. минута кога Кешми од голема далечина постигна прекрасен гол за водство на Иран од 1-0.


Велс тргна по израмнување, а Иранците во 101. минута изведоа одлична контра и преку Резаин дојдоа до победа од 2-0.


По две одиграни кола Иран има три бода, Велс останаа со еден бод.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.