24фудбал

Пикси: Во второто полувреме физички бевме катастрофа

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси вели дека физичкиот пад во второто полувреме е причина за поразот од Бразил.

СП 2022

Србија со пораз од 2-0 од Бразил го почна Светското првенство во Катар. Србите се држеа во првото полувреме, но паднаа во вториот дел и примија два гола.

Причината за поразот, Пикси ја бара во повредите на фудбалерите кои не се 100 проценти подготвени поради што се случи физички пад во вториот дел.

„Клучно беше што во вториот дел физички бевме катастрофа и за мене тоа е изненадувачки. Бразил е премногу искусна екипа и знаеше тоа да го искористи, а ја немаше ни нашата пас-игра во вториот дел. Првиот дел коректен од наша страна, но има работи кои се присутни. Во невреме дојдоа повредите на Митровиќ, Влаховиќ, Костиќ... Тоа е премногу за нашиот тим. Но, Бразил заслужено победи. Паднавме многу физички, немаме здрави играчи, тоа е единствената вистина. Сега мора максимално да се одмориме и да се обидеме следните два меча да решаваме за нашата судбина. Јас само се надевам дека Костиќ ќе го имаме за Камерун“, изјави Пикси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.