24фудбал

Доминација на Бразил, два гола на Ришарлисон за победа над Србија (ВИДЕО)

Бразил одигра одличен натпревар против Србија, покажа зошто е главен фаворит за освојување на Светското првенство, победи со 2-0, а имаше шанси и за многу поубедлив триумф.

СП 2022

На Пикси му беше јасно дека доколку игра отворено против Бразил може да биде наполнета мрежата на Вања Милинковиќ-Савиќ, па одбра дефанзивна тактика.

Речиси цело време се играше пред голот на Србија која одолеваше на бразилските напади се до 62. минута. Тогаш Винисиус шутна, Вања ја одби топката која дојде до Ришарлисон, а тој погоди за водство на Бразил од 1-0.


Десет минути подоцна повторно истата двојка, Винисиус центрираше, а Ришарлисон мајсторски даде гол за 2-0. Тоа беше најубавиот погодок во досегашниот дел од првенството.


Во продолжение се распадна играта на Србија, Бразил играше полетно и создаваше уште шанси за погодок, погодија пречка и статива, но не успеаа да постигнат и трет гол.

Одличен почеток за Бразил, а Србија шансата ќе ја бара во дуелите против Камерун и Швајцарија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.