Уште не е комплетирано првото коло од Светското првенство, а веќе четврти натпревар има без голови, денеска таков беше резултатот на мечот меѓу Уругвај и Јужна Кореја.
Категорија: СП 2022 24.11.2022 16:02
На Светското првенство во Русија кое се одигра пред четири години, само еден натпревар заврши без голови, во Катар Мундијалот е на самиот старт, а веќе имаме четири такви дуели.
Не изостана борбата и на двете репрезентации, го дадоа максимумот, сакаа да победат, но не успеаа да постигнат гол.
Уругвајците двапати ја погодија стативата, Годин во првото полувреме, Валверде во вториот дел.
Јужна Кореја најдобрата шанса ја имаше во првиот дел кога Хванг го префрли голот од идеална позиција.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.