24фудбал

Азар ги „пецна“ Германците: Подобро ќе беше да се фокусирате на тоа како да ја победите Јапонија...

Еден Азар испрати зајадлив коментар до Германците, кои со рацете ги покрија устите како знак на протест против ФИФА по одлуката на светската куќа на фудбалот да ја забрани капитенската лента во боите на виножито.

СП 2022

Неколку репрезентации сакаа нивните капитени на мундијалот во Катар да истрчаат на терен со ле лента во боите на виножито, но откако ФИФА им се закани со жолти картони, тие се повлекоа од идејата.

Германците на синоќешниот натпревар против Јапонија решија да протестираат, па со рацете ги покрија устите и со симболичен гест порачаа дека се замолчени од страна на светската куќа на фудбалот.

Еден Азар сепак не го оправдува овој потег и вели дека „панцерите“ требале повеќе да се фокусираат на фудбалот.

„Подобро ќе беше да се фокусираа на тоа како да ја победат Јапонија, а не на тоа како да протестираат. Тука сме да играме фудбал а не да испраќаме политички пораки. Има луѓе на кого тоа им е работа, наше е да се фокусираме на фудбалот“ – вели Еден Азар, кој капитен на Белгија требаше да носи лента во боите на виножито.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.