24фудбал

Миовски: Не грижете се, не мрдам од Абердин!

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски е хит во шкотското првенство, со своите игри и голови го навлече интересот на поголеми клубови од Абердин, но ќе му остане верен на клубот, барем до крајот на сезоната.

Македонија

Миовски во моментов е прв стрелец во шкотската лига со 11 голови. Почнаа да излегуваат гласини дека поголеми клубови го бараат, пред се имаше шпекулации за францускиот Ремс. Но се прогнозираше и дека некој од Селтик и Ренџерс може да тргне по потписот на Македонецот.

Сепак, Миовски вели дека нема намера да си оди од Абердин во јануари, тој е комплетно фокусиран на вториот дел од сезоната.

„Да, дефинитивно ќе ја завршам сезоната со Абердин. Комплетно сум фокусиран на вториот дел од сезоната. Имам долг договор од четири години со Абердин. Во моментов не размислувам за заминување и со гордост можам да кажам дека играм за еден од најголемите клубови во Шкотска“, вели Миовски за „Рекорд Спорт“.

Тој брзо стана миленик на фановите на Абердин, а со ваквите изјави само ќе ја зацврсти нивната љубов кон него.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.