24фудбал

Германците го бојкотираат Светското првенство, ни 10 милиони не го гледале мечот со Јапонија

Во Германија натпреварот помеѓу нивната репрезентација и Јапонија го гледале нешто над девет милиони луѓе, како за споредба на Светското првенство во 2018 ниту еден нивен натпревар не бил со помала гледаност од 25 милиони.

СП 2022

Германците му го свртеа грбот на Светското првенство во Катар, извештаите на нивните медиуми велат дека мечевите од Катар имаат просечна гледаност од 9,23 милиони тв гледачи по натпревар. Ниту мечот на Германија со Јапонија не надминал 10 милиони гледачи.

Проблемот не е во термините, во 2006 година нивниот меч против Еквадор се играл во период кога луѓето се на работа, но гледаноста била над 21 милион.

На Светското првенство во 2018 година кое се играше во Русија, ниту еден меч на Германија не бил гледан од помалку од 25 милиони гледачи.

Се верува дека причина за драстичниот пад на гледаноста на ова Светско првенство е во фактот што Катар е домаќин и Мундијалот е преплавен со контроверзни моменти. ФИФА им дава поддршка во непочитувањето на човековите права, па сето тоа допринесува гледачите да му го свртат грбот на големиот настан без разлика што игра нивната репрезентација.

Месеци пред почетокот на Светското првенство, речиси немаше навивачка група на тимовите од Бундеслигата која со разни банери повикуваше на бојкот на Мундијалот потенцирајќи го бројот на работници кои загинаа за време на градење на инфраструктурата во Катар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.