24фудбал

Бразил против Србија е мечот на денот на Светското првенство во Катар

Убедливо најатрактивната денешна пресметка е дуелот меѓу нашиот северен сосед Србија и главниот фаворит за освојување на Светското првенство, селекцијата на Бразил.

СП 2022

Србија во одлично расположение и со сериозни амбиции отпатува на Светското првенство во Катар, Србите предводени од Драган Стојковиќ - Пикси играат одличен фудбал и немаат страв од никого.

Но вечерва пред себе ќе го имаат Бразил кој според обложувалниците е најголем фаворит за освојување на Светското првенство. Бразилците имаат страшен напад, а Нејмар на овој Мундијал доаѓа во најдобра форма досега.

Неизвесни во составот на Србија се Митровиќ и Лукиќ кои се опоравуваат од повреди, двајца неизвесни имаат и Бразилците, Антони и Маркињос.

Натпреварот меѓу Србија и Бразил е последен на програмата, почнува од 20 часот.

А денот ќе почне со дуелот од истата група, Швајцарија против Камерун. Швајцарците се фаворити на овој меч, но Камерун не е селекција која треба да се потцени.

Од 14 часот Уругвај го почнува својот настап на Светското првенство, противник им е селекцијата на Јужна Кореја.

Уругвај го има еден од најатрактивните состави на Светското првенство, особено во нападот каде се Дарвин Нуљез, Единсон Кавани и Луис Суарез.

Од 17 часот Кристијано Роналдо и неговата Португалија играат против Гана. Португалците исто така имаат страшен состав на сите позиции, но на какво ниво ќе одиграат како тим, останува да видиме.

За Роналдо исто како и за Меси ова е последно Светско првенство и последна шанса за големиот пехар.

Распоред на денот:

11:00 Швајцарија - Камерун

14:00 Уругвај - Јужна Кореја

17:00 Португалија - Гана

20:00 Бразил - Србија