24фудбал

Канада воодушеви, Белгија ги однесе трите бода (ВИДЕО)

Белгија славеше со 1-0 во пресметката со Канада и покрај тоа што „црвените ѓаволи“ прикажаа премалку.

СП 2022

Белгија стигна до трите планирани бода во пресметката против Канада, но избраниците на Мартинез ќе сакаат што побрзо да го заборават мечoт.

Канада воодушеви со својот пристап, не се исплаши од звучното име на противникот, можеше да поведе, но Дејвис промаши пенал.

Потоа не беа искористени неколку добри шанси, а казната за ова стигна во финишот од првото полувреме, Алдервирелд испрати долга топка од својата половина, а Батшуаји погоди за 1-0.

Во продолжението од мечот, Белгија никако не успеваше предвреме да го реши победникот, но заморот ги стигна фудбалерите на Канада, па резултатот остана непроменет.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.