24фудбал

Баерн Минхен го договори првото засилување за следната сезона

Медиумите од Германија пренесуваат дека Баерн Минхен има вербален договор со Конрад Лаимер, фудбалерот од Австрија беспари ќе се пресели на „Алианц Арена“ откако ќе му заврши соработката со РБ Лајпциг на 30. јуни 2023 година.

Германија

Баерн Минхен најчесто е прв избор на квалитетните фудбалери од Бундеслигата кои сакаат да ја променат средината, и останатите гиганти ширум Европа немаат шанси.

Таков е случајот и со Конрад Лаимер од РБ Лајпциг, фудбалерот од Австрија им кажал „НЕ“ на Челси и Ливерпул и кариерата ќе ја продолжи на „Алианц Арена“.

Како што пренесува Билд, Конрад Лаимер има вербален договор со Баерн и како слободен играч ќе се пресели во Минхен кога ќе му прекине соработката со „биковите“ на 30. јуни 2023 година.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.